emailevorakomerc@t.mk      |      phone +389 48 451 013                                 

mkeng

Се започна во 1980 година, кога нашите предци решија да влезат во светот на бизнисот.
 Истражувајќи ги потребите на пазарот решиле да започнат со пекара која успешно работеше во тој период. Страната веќе беше заземена ќе се работи приватен семеен бизнис. На 07.10.1994 година се основа приватната фирма Евора Комерц Дооел со седиште во с. Обршани, Прилеп, Македонија.

 Стартот не беше лош, отворивме колонијална продавница во нашето населено место. Со тоа скоро целосно се задоволија сечии потреби и желби. Денес оваа мала продавница  со напорна работа прерасна во аптека за земјоделски производи и фирма која се занимава со откуп на различни земјоделски производи. Некои од производите кои се продаваат во земјоделската аптека ги набавуваме од други држави со цел да им го понудиме најквалитетното на нашите лојални потрошувачи по дисконтни цени. Нашата фирма годишно откупува  над 4 000 000   килограми пиперка и 1 000 000  килограми пченица на земјоделците низ цела Пелагонија. Пред почетокот на откупот се склучуваат договори со над 1000 комитенти. Во зависност од потребите на нашите купувачи спремни сме да испорачаме најралчни земоделски производи кои се произведуваат во тој регион (пиперки, компири, кромид, тикви, домати). Освен продажбата во фабрики од Македонија нашата компанија извезува свежо овошје и зеленчук во многу соседни и Европски држави меѓу кои Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Германија, Швајцарија, Шведска, Данска.  Евора Комерц  земјоделските производи во зависност од купувачот ги доработува, селектира, пакува. Поседува и ладилник за одржување  во кој се чуваат готовите производите за истите да можат да останат свежи и здрави. Паковањето може да биде најразлично во кошови, гајби, вреќи според желбата на нашиот партнер. Ние го цениме вашето време и вашите пари имајте ја нашата доверба нема да ве изневериме. Нашата иднина ја гледаме во зголемување на извозот и ќе бидеме препознатливи по одличниот квалитет со прифатлива цена. Секоја година ќе се стремиме да ги зголемуваме количините а со тоа и пазарите надвор од Европа. Ве уверуваме дека во догледно време нашата компанија ке стане меѓу најголемита во оваа дејност.